More

    Путин „улови“ уште 5 новинари?

    spot_img

    Новинарката Антонина Фаворскаја, која го сними последното видео на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални пред неговата смрт, е во притвор, јавија денеска светските медиуми.

    Фаворскаја неколку години ги следела судењата на Навални, а меѓународната организација „Репортери без граници“ во четвртокот соопшти дека таа е една од шесте новинари ширум земјата кои се уапсени овој месец.

    Руските власти ја уапсиле Фаворскаја во средата вечерта и ја обвиниле дека е дел од „екстремистичка организација“ поради објави на социјалните мрежи на фондацијата на Навални за борба против корупцијата, соопшти руската група за човекови права „ОВД-Инфо“.

    Портпаролката на Навални Кира Јармиш рече дека Фаворскаја не објавила ништо на платформите на фондацијата и сугерираше дека е цел на руските власти бидејќи ја извршува својата работа како новинар.

    „ОВД-Инфо“ соопшти дека Фаворскаја првин била уапсена на 17 март откако положила цвеќе на гробот на Навални.

    Таа поминала 10 дена во затвор откако била обвинета за непослушност кон полицијата, но кога завршил периодот на притвор, властите повторно ја обвиниле и ѝ наредиле да се појави во Окружниот суд Басман во Москва.

    Таа е една од неколкуте руски новинари кои се на мета на властите. Привремено се приведени уште 2 новинарки, Александра Астахова и Анастасија Мусатова, откако дошле да се сретнат со обвинетата новинарка во притворот каде што била затворена.

    ФОТО: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img