Единаесет лица се повредени кога бугарски брод за крстарење удрил во бетонски ѕид на реката Дунав во австрискиот град Асах на Дунав, соопшти локалната полиција.
„Во моментот на инцидентот на бродот, кој пловел од Баварија во Германија кон австрискиот град Линц, имало околу 160 патници“, изјавил портпаролот на полицијата во блискиот град Ефердинг.
Портпаролот истакна дека повредените се префрлени во болница по синоќешниот инцидент, а бродот подоцна продолжил да плови.
Не се знае во каква состојба се повредени, ниту пак сериозноста на повредите.