Претежно сончево и топло време со слаб јужен ветар, најавуваат метереолозите за првиот ден од викендот. Вдолж Повардарието ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР.
Минималните температури кончено се кренаа над нулата и ќе изнесуваат од 3 до 9 степени, додека максималната температура во јунжните делови на земјата ќе достигне до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец, погодно за прошетки и престој во природа. Температурата ќе се движи во интервал од 7 до 26 степени.