More

    Вкупно 67% од тоа е приватен нето-долг

    spot_img

    На крајот на 2023 година, нето надворешниот долг изнесувал 4,458 милијарди евра или 32,6% од проценетиот БДП, покажуваат последните податоци на Народната банка.

    Според овие податоци, нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2023 година, е зголемен за 305 милиони евра, или за 7,3%.

    Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.

    Во однос на крајот на 2022 година, нето надворешниот долг е зголемен за 147 милиони евра (3,4%), во услови на зголемување на нето приватниот долг (за 269 милиони евра), а намалување на нето јавниот долг (за 122 милиона евра).

    Во текот на четвртиот квартал од 2023 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 160 милиони евра и изнесува 8,500 милијарди евра, односно 62,2% од проценетиот БДП за 2023 година. Од овој износ, најголемиот дел, или 87%, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 69% се врз основа на сопственички капитал.

     

    Лани бруто надворешниот долг изнесувал 11,463 милијарди евра (или 83,9% од проценетиот БДП) и бележи квартално зголемување од 386 милиони евра (или за 3,5%).

    Бруто надворешните побарувања, на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, изнесуваат 7 милијарди евра или 51,3% од проценетиот БДП и забележаа квартално зголемување од 81 милион евра ( 1,2%).

    Во споредба со крајот на претходната година, бруто надворешните побарувања се повисоки за 526 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img