More

    Песочните бури носат и до 100 милиони тони пустинска прашина

    spot_img

    Главниот град на Грција, Атина, се најде во облак од прашина и песок стасани од пустината Сахара во Северна Африка. Овој феномен е проследен со особено високи температури.

    Се очекува утре да се подобри воздухот во градот.

    – На пролет циклоните кои се движат кон исток по северноафриканскиот брег носат прашина кон источен Медитеран. Типична песочна бура со дострел од 200 километри носи од 20 до 30 милиони тони прашина, понекогаш и до 100 милиони – објасни директорот на Грчката метеоролошка служба, Теодорос Колидас.

    Атина често се наоѓа на патот на тие песочни бури. Во центарот на Атина на 27 март беа измерени 25,3 Целзиусови степени, што е рекорд од март 2009 година, а на Крит температурите достигнаа и до 32 степена.

    Сојузот на пулмолозите на Грција препорача најранливите групи население, особено луѓето што страдаат од астма, да избегнуваат непотребни движења и спортови на отворено кога концентрациите на прашина се највисоки.

    – Африканската прашина носи честички кои може да се интегрираат со полен, бактерии и со габи создавајќи многу токсична и опасна смеса за човечкото тело, а особено за респираторниот систем – предупреди Сојузот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img