More

    Легендарниот српски ас доаѓа како привремено решение

    spot_img

    Поранешниот српски тенисер Ненад Зимоњиќ ќе му помага на Новак Ѓоковиќ во трнинзите, откако најдобриот светски тенисер објави дека ја прекинува соработката со Горан Иванишевиќ кој беше негов тренер во изминатите 6 години. Зимоњиќ најверојатно ќе биде привремено ртешение додека Ѓоковиќ не ангажира нов тренер иако, според српските медиуми, не е исклучена можноста тој да остане во тренерскиот тим на подолг рок.

    Ѓоковиќ почна да се подготвува за турнирите на земјена подлога, а на тренингот на терените Кошутњак во Белград го придружуваше неговиот нов тренер, пренесува Курир.рс

     

    Легендарниот српски тенисер одговори на повикот на Новак да му помогне во работата во Белград, а реална опција е да биде со него и во Монте Карло! Она што ќе се случува понатаму останува отворено, но за почеток Зимоњиќ ќе биде покрај Новак.

    Интересно е да се спомене и тоа дека Горан Иванишевиќ и Ненад Зимоњиќ се одлични пријатели, што сигурно ќе им биде од полза за размена на корисни информации за системот на работа со Ѓоковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img