Продолжува потрагата по напаѓачот кој избоде маж во воз пред очите на преплашени патници. Човекот кој бил нападнат се здобил со повреди опасни по живот во нападот што се случил на спојницата Бекенхам во јужен Лондон.
Засега нема уапсени, а полицијата повикува сведоци да дојдат во станицата, пишува Daily Mail.
На само тринаесет километри, друга станица е затворена и евакуирана поради дојава за нож. На некои од видеата се гледа како осомничениот вчера шета по улиците на Лондон облечен во маска и вооружен со голем нож.
Транспорт за Лондон (TfL) подоцна соопшти дека метро станицата Кенингтон била затворена поради инцидент со патниците, додека приказните за напад со нож кружеле на социјалните мрежи. Не се пронајдени врски меѓу инцидентите во Кенингтон и Бекенхем, пренесува Јутарњи.
На снимката од првиот инцидент се гледа напаѓачот со голем нож во раката, а се слуша како еден патник вика „застани сега“ пред да повика полиција да го пријави инцидентот.