Министерот ветува дека ќе стори сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните ризици“ во организација на Институт за економски стратегии и меѓународни односи „ОХРИД“.

Во рамките на дискусијата министерот Тошковски истакна дека министерството за внатрешни работи е важна алка во делот на институциите надлежни за спроведување на фер и демократски изборен процес.

– Како министер и покрај тоа што се соочувам со сериозни опструкции од страна на Владата која незаконски поништи акти донесени од моја страна и не дозволи да назаначам Началник на СВР Тетово, ќе сторам сè МВР да биде на висина на задачата и да гарантира организирање на безбедни избори на кои граѓаните ќе можат слободно да го остварат своето право на глас – потенцираше министерот Тошковски.

Тошковски притоа додаде дека од Владата сѐ уште не добил правно образложение.

– Ми беше ветено дека ќе ми биде дадено правно образложение зошто Владата смета дека по закон го немам тоа право. Правно образложение не ми беше дадено. Ај можеби јас не заслужувам да добијам правно образложение. Може јас сум правник па треба сам да читам. На новинарите кои што се обратија да добијат одговор на прашањето, замислете Владата што кажа на отворена седница не биле дискутирани такви работи. Пазете сеа, ем шуто ем боде – додаде Тошковски.

Тошковски претходно изјави и дека за опструкциите ги информирал ОБСЕ-ОДИХР и стратешките партнери. СВР Тетово ќе биде надлежно за изборите да поминат во најдобар ред во изборната единица 6 каде има речиси 278 илјади гласачи.

Toj исто така ја потенцираше добрата соработка која ја има министерството со другите институции кои учествуваат во организација на изборите, особено државната изборна комисија во делот на списоците но и во спроведувањето на правилникот на ДИК за постапување на полицијата за време на избори.

Share This Article