More

    Легендарната пејачка изнемоштена, но со силен дух

    spot_img

    Александра Слаѓана Милошевиќ почина вчера на 69-годишна возраст, а на социјалните мрежи се појави нејзината последна видеоснимка.

    Слаѓана не се предавала, без разлика на тешката болест која, како што објаснила претходно, ги напаѓа сите телесни системи, а во лекувањето може да помогне само традиционалната кинеска медицина.

    Болеста оставила траг на телото, забележливо ослабела, но нејзиниот дух бил нескротлив.

    Таа често објавувала фотографии без шминка, најчесто со рокерски изглед од кој не се откажала во сите изминати децении, а во една објава го напишала следново:

    – Каква Балканка ќе бев да немав инает. Се сликам како што сакам. Нема шминка, но има, според некои, многу години, што е одлично. Само кармин. Не поднесувам вештачки трепки и веѓи. Силиконските гаќички ме смеат. Вештачката уста е почеток на чорапот – стои покрај фотографијата.

    Инаку, Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на новиот бран од осумдесетите во Југославија.

    Првиот самостоен настап го имала на фестивалот „Студентско лето“ во Маглај во 1974 година, каде што освоила „Гран при“.

    Милошевиќ почна да крши табуа кога објави песна наречена „Секси дама“, која беше забранета да се емитува на бројни радио и телевизиски програми.

    Во 1979 година ја промовираше песната „Амстердам“, а во 1981 година настапи на изборот за југословенски претставник на Евровизија во Белград и го освои осмото место со композицијата „Рецепт за љубов“.

    Во 1984 година со Дадо Топиќ ја сними песната „Принцеза“, која беше преведена и на англиски, а во 1989 година замина во САД, каде извесно време свиреше со групата „Бејби систер“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img