More

    Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат итна седница на собранието за ова прашање

    spot_img

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Собранието донесе заклучок да се преземат сите неопходни мерки, да се поминат сите собраниски филтри со кои се предвидува оризот да се стави на листата на производи за создавање стокови резерви, изјави денеска Драган Ковачки, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Со ова, Агенцијата за стокови резерви ќе може да работи со оризот како со другите култури и ќе овозможи пазарните вишоци да бидат откупени од страна на државата. Преку ова ќе имаме зголемен откуп и реални пазарни цени на оризот- рече тој.

    Пратениците од опозицијата апелираат да се тргнат настрана партиските игри и да се донесат законските измени.

    -Претседателот на Собранието да свика седница веднаш, а пратениците од мнозинството да дадат поддршка на законските измени и да ги помогнеме оризопроизводителите токму на почетокот на активностите за сеидба на оризот – рече Ковачки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img