Во период од 4 години 800 милиони евра ќе се слеат од владата кон земјоделците и земјоделието, открива партијата дел од Изборната програма.
„Парите се предвидени како доходовна поддршка на земјоделците, како субвенции, грантови и друг вид на поддршка, потоа инвестиции во диверзификација, инфраструктура и опрема. Предвидени се пари за стимулирање на осигурувањето на земјоделските поседи и посеви. Ќе се одвојат значајни средства за водоснабдување, реконструкција и изградба на системи за наводнување. Како круна на целиот систем во земјоделството ќе биде изградба на откупно-дистрибутивни центри, со што ќе се реши еднаш засекогаш проблемот со откупот“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму тврдат дека земјоделството ќе биде во врвот на приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа ќе генерира приходи за десетици илјади семејства, како и за државата. Време е Македонија да ја вратиме на народот“, се вели во соопштението.