Пејачката и актерка Селена Гомез ја вжешти температурата на социјалните мрежи со провокативните фотографии што ги објави, а подоцна ги избриша, а многумина можат да ги окарактеризираат како нејзините најжешки изданија досега.
Музичката ѕвезда позирала со разбушавена коса, облечена само во црн градник без прерамки, пронашла агол кој е најпровокативен и ги почестила обожавателите со жешки кадри.
Сензуалниот поглед во камерата, брановите во косата и црвениот кармин придонеле за фотографиите да бидат попровокативни, а многу брзо доспеаја на социјалните мрежи.
На Инстаграм фотографиите не се веќе достапни, но Селена „од здодевност“ во текот на викендот успеа да ја разбуди фантазијата кај обожавателите и да предизвика лавина коментари.
ФОТО: Твитер/Инстаграм