Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги констатираше редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче. Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите.
На изборното ливче имињата на кандидатите за претседател на државата ќе се најдат по следниов редослед:
1. Стево Пендаровски
2. Гордана Силјановска Давкова
3. Стевчо Јакимовски
4. Бујар Османи
5. Билјана Ванковска Цветковска
6. Арбен Таравари
7. Максим Димитриевски