Кина ја објави својата поддршка за новата нацрт-резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) со која се бара „итно“ прекин на огнот во Газа. Новата нацрт-резолуција се предлага неколку дена откако Кина, како и Русија ставија вето на предлогот за резолуција на САД.
„Кина ја поддржува оваа нацрт-резолуција и ја поздравува напорната работа на Алжир и другите арапски земји во овој поглед“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан.
„Се надеваме дека Советот за безбедност ќе го одобри што е можно поскоро и ќе испрати силен сигнал за прекин на непријателствата“, додаде тој.
Гласањето, кое беше закажано за сабота, беше одложено за денеска за да се избегне нов неуспех.