More

    Русија не ги штедеше четворицата осомничени за нападот во Москва

    spot_img

    Руската полиција објави снимки од тројца уапсени за терористичкиот напад од петокот во салата Крокус во Москва. Според снимките Русите брутално ги мачеле уапсените за масакрот, јавува Би-Би-Си. Ова е нивно прво појавување во јавноста. Мачење со струја, задушување со кеса и тепање на осомничените се дел од наводите за кои пишуваат светските медиуми.

    Тројцата осомничени терористи вчера беа донесени во судот во Москва, додека четвртиот беше довлечкан во инвалидска количка. Сите се обвинети за тероризам.

    Еден од осомничените за терористичкиот напад во Москва, по апсењето, наводно бил мачен со струја, според каналот Сива зона на Телеграм. Снимка од уапсениот Шамсидин Фаридуни од Таџикистан кој се тресе се појави на социјалните мрежи. Сива зона тврди дека неговите гениталии биле поврзани со жици на воен телефон, а дека се работи за полнеж од 80 волти.

     

    Руските власти ги идентификуваа четворицата напаѓачи како Далерјон Мирзоев, Саидакраим Муродали Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фајзов.

    Терористичката група Исламска држава соопшти дека го извршила нападот во петокот во концертната сала и објавиа вознемирувачка видео снимка од внатрешноста на салата, на која се гледа како терористите пукаат врз цивили.

    Неколку руски официјални лица без никакви докази тврдат дека Украина била вмешана во нападот, додека Киев вели дека тврдењето е „апсурдно“.

    На видеото се гледаат маскирани полицајци како ги носат во Окружниот суд Басмани во руската престолнина.

    Путин рече дека се приведени 11 лица, вклучително и четворицата осомничени вооружени лица, кои побегнале од концертната сала и се упатиле кон регионот Брјанск, на околу 340 километри (210 милји) југозападно од Москва, за да се провлечат преку границата со Украина.

    Но, претседателот Владимир Путин јавно не ја спомна исламистичката милитантна група во врска со напаѓачите, за кои рече дека се обидувале да побегнат во Украина.

    Руските безбедносни сили очигледно ги претепале и мачеле четворицата напаѓачи. На социјалните мрежи протекоа вознемирувачки снимки кои, според Би-Би-Си, очигледно биле објавени од безбедносните сили.

    На снимката се гледаат брутални испрашувања. На едно видео се гледа како еден од напаѓачите во устата му е турнато увото кое штотуку било отсечено, а Би-Би-Си јавува дека некои снимки сугерираат дека најмалку еден од напаѓачите доживеал струен удар.

    Лицата идентификувани од судот како Мирзојев и Рачабализода имаа модринки на лицето, а еден има завој над главата во пределот на увото. Се шпекулира дека станува збор за напаѓачот кому Русите при сослушување му го отсекле увото.

    Покрај тоа, на Мирзојев околу вратот му била завиткана искината најлонска кеса, што навестува тортура со задушување, но и желба на руските власти да ѝ покажат на јавноста дека ги мачеле напаѓачите кои го извршија смртоносниот напад врз концертната сала.

    Лицето на мажот идентификуван како Фаридуни беше тешко отечено, а човекот по име Фајзов, кој беше донесен на суд во инвалидска количка облечен во болничка наметка, според снимките, ја губеше свеста. Се чини дека му недостасува око, според новинската агенција Ројтерс.

    Во соопштението на судот се наведува дека Мирзојев „целосно ја признал вината“, а Рачабализода се наведува дека „ја признал вината“. Мажите се идентификувани како државјани на Таџикистан, објави руската државна новинска агенција Тасс.

    Сите четворица ќе бидат во истражен притвор најмалку до 22 мај, додаваат од судот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img