More

    Опозицијата тврди дека со Ковачевски процвета криминалот и корупцијата

    spot_img

    Погубни политики како во економијата така и во надворешната политика, презадолжено население, корупција и криминал. Ова се главните коментари на ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена од изборот на новата влада предводена од Димитар Ковечевски.

    Според партијата, за 100 дена влада и 5 години владеење на СДСМ, имаме 100 отсто поскап леб, брашно, зејтин, 70 отсто поскапи горива, 30 отсто поскапа струја, 15 отсто поскапо парно греење, а платите не се зголемени ниту еднаш.

    „100 дена влада 1 милијарда задолжување. Ова се пари кои оваа влада ќе ги позајми за одржување на ликвидност, затоа што економијата пропаѓа од нивните лоши политики. 100 дена влада, еден обид за криење на убиство, украдено оружје од полициска станица во Охрид, украдено масло од марихуана вредни над 2 милиони евра од објект со десетици камери.100 дена влада, отворање на клуб „Ванчо Михајлов“, со профашистички тенденции“ се наведува во соопштението на партијата.

    Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека за 100 дена владата цветал криминалот и корупцијата.

    „100 дена влада и 5 години СДСМ, криминал и корупција во врвот на власта. Се бараа провизии за вакцини, тендери се местеа за блиски од власта, РЕК Битола се остави без јаглен на почеток на грејна сезона.Вице Заев се бришеше од кривични пријави, Рашковски местеше тендери, Ден Дончев ставаше туциња пари во торба, Мухамед Зекири делеше милиони без тендерска постапка, и додека се ова се случуваше Љупчо Николовски се фалеше дека запленил две кутии путер со истечен рок на употреба“ се вели во соопштението.

    Партијата потсетува и на состојби кои оваа влада ги населди од предходната.

    „Не смее да се заборави дека ненадмината лага за овие 5 години е вработување на 300 пилоти ветено во Арачиново лично од Зоран Заев и Оливер Спасовски.5 години СДСМ, 5 години како земјоделците мака мачат да го продадат произведеното.5 години СДСМ, 5 години лаги дека само што не сме добиле датум за преговори, 5 години разочарувања и обезличувања“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img