More

    Силен украински напад на Крим

    spot_img

    Десетина силни експлозии се слушнале ноќеска во градот Севастопол на полуостровот Крим, јавува Украинска правда. Русите известија дека функционираат системите за противвоздушна одбрана, а Телеграм каналот „Кримски ветер“ објави дека биле погодени неколку цели.

    Еден локален жител за украинската јавна телевизија „Суспилне“ изјавил дека прво се слушнале десетина експлозии, а по некое време уште четири. „Кримски ветер“ наведува дека по ударот избувнал пожар во заливот Козача, каде се наоѓа постојаната база на руската 810-та поморска бригада.

     

    Оттаму додаваат дека кон локацијата се упатиле неколку противпожарни возила и возила на брза помош. Тие нагласуваат дека во близина на Балаклава се случила многу силна експлозија и дека „нешто гори во близина на аеродромот во Симферопол“.

    Михаил Развозаев, гувернерот на окупираниот Севастопол назначен од Русите, рече дека тие отфрлаат масовен напад на Севастопол.

    „Според прелиминарните информации, соборени се повеќе од 10 проектили. Ракетниот напад продолжува“ – напиша Развозаев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img