More

    Киев ги отфрла обвинувањата за вмешаност во терористичкиот напад во Москва

    spot_img

    Украинското воено разузнавање остро ги отфрли денешните коментари на рускиот претседател Владимир Путин за наводната вмешаност на земјата во вчерашниот терористички напад во концертната сала во Москва, пренесе ДПА.

    – Тврдењето на Путин дека четворица сторители биле уапсени во бегство кон Украина е апсолутно лажна и апсурдна изјава. Се разбира, оваа верзија не може да ги издржи критиките – изјави денеска портпаролот на украинската разузнавачка служба – ХУР, Андриј Јусов.

    Во изјавата што е пренесена на веб-страницата на весникот „Украинска Правда“, Јусов го поткрепува своето тврдење наведувајќи дека таква инфилтрација преку границата не е лесно изводлива.

    – Сите во светот го разбираат ова, освен можеби зомбираното руско население – додаде Јусов, наведувајќи ги многуте пречки што спречуваат таква инфилтрација преку границата.

    – Целосната руска инвазија на Украина е во тек повеќе од две години, а пограничните области се полни со нејзини војници, специјални агенти, разузнавачки служби и безбедносни сили. Граничната линија е минирана, се надгледува со користење на сите средства, вклучително и воздушно извидување од двете страни – истакна Јусов.

    Портпаролот го обвини Кремљ дека сака да ја искористи трагедијата во Москва за да ја интензивира репресијата во Русија, пренесува ДПА.

    Еден ден откако најмалку 143 лица загинаа во нападот на вооружени лица во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Москва, Путин во телевизиски говор тврдеше дека четворица од 11-те уапсени осомничени се обиделе да побегнат во Украина.

    Тој ја наведе „украинската трага“ во крвавите настани од вчера, користејќи руски израз за распределба на вината или вмешаност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img