More

    Ќе има и осма партија што ќе го напушти бродот, тврди Милошоски

    spot_img

    Листите се во добар дел усогласени, единствено она што ни преостанува е два-три дена да ја затвориме коалицијата со нови коалициони партнери, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошски во емисијата „Тема на денот“ на Сител.

    – И тоа што имам да го соопштам сега како би рекол одредена новост за Вашиот медиум е дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде проширена со во моментов 7 политички партии, коишто до вчера биле во коалиција со СДСМ, а сега преминуваат во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – истакна Милошоски

    За два-три дена, додаде тој, очекуваме одлука од уште една политичка партија. Значи би биле вкупно осум политички партии.

    Милошоски додаде дека тоа е сигнал дека коалицијата на СДСМ веќе не е привлечна.

    – Тоа е сигнал дека коалицијата на СДСМ веќе не е привлечна. И сите овие помали политички партии коишто доаѓаат, доаѓаат со една заедничка би рекол реченица – разочараност од Владата затоа што сметаа дека државата ја водат во погрешна насока – појасни Милошоски.

    Тој посочи дека тие партии се Социјалдемократската унија, Обединетата партија за целосна еманципација на Ромите, Македонски концепт, Демократскиот сојуз, Обединети за Македонија, ТМРО, Достоинство. И се очекува одлуката на уште еден довчерашен коалиционен партнер на СДСМ.

    – Во овој концепт кој што гледаме е дека прво постои интерес и нас ни годи тоа што постои интерес за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, сепак тоа дава сигнал дека овие партии препознаваат на каде се движи политичката тенденција во државата. А, второ заедничкиот именител со овие партии е дека да имало грешки од наша или од нивна страна во минатото, но дека сега е дојдено време за обединување. Обединување за интересот на Македонија – порача Милошоски.

    Милошоски рече дека е време Македонија да биде една подобра држава во која што и демократијата и економијата, и владеењето на правото, и образованието, здравството ќе бидат на еден подобар и повисок стандард.

    – Затоа сметам дека ова е еден добар сигнал, тоа што политички партии од јатото на коалицијата на СДС го напуштаат бродот кој што тоне и преминуваат кај ВМРО-ДПМНЕ. Препознаваат тука коалиција што ќе победи на овие избори – укажа тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img