More

    Следната недела ќе биде објавена конечна верзија

    spot_img

    Конечниот список на земјоделски и прехранбени производи, врз основа на кој ќе се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, ќе биде објавен следната недела. Министерството за економија им дадe рок од 10 дена на коморите да се изјаснат за предложениот список објавен пред 5 дена на веб-страницата на Министерството за економија.

    Според она што го изјави на последната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши, се  очекува мислење за списокот да дадат Организацијата на потрошувачи како и други заинтересирани лица, по што ќе се знае дали списокот ќе се намали или прошири.

    Списокот содржи повеќе 2.500 земјоделски и прехранбени производи. Во него се опфатени живи домашни животни и живина, сите видови риба, морски плодови и производи од риба и месо од риба, сите видови месо и месни преработки од сите категории, млеко, производи од живина, јајца, млечни производи, мед, други прехранбени производи, овошје, зеленчук и нивни преработки, потоа кафе чај, зачински растенија, жита и преработки од нив, производи од мелничката индустрија, масла и маслодајни семиња, шеќер и производи од шеќер, какао и производи од какао.

    Меѓу производите кои ќе бидат влезени во утврдувањето на нефер трговски практики се и различни видови сув зеленчук и овошје од сите видови, замрзнато овошје и зеленчук и сокови од сите видови овошје, други различни видови производи за исхрана, пијалаци, алкохол и оцет, минерална вода, пиво, повеќе видови  вино, вина од заштитени географски подрачја…

    Интересно е и тоа што на списокот се најдоа и жестоки пијалаци, виски, вотка, ликери како и тутун и производи од тутун, производи со или без содржина на никотин, наменети за вдишување без согорување и други производи со содржина на никотин.

    Дел од овој список се и живи дрвја и растенија, цвеќе, украсни растенија, како и остатоци од производство наменети за прехрана на животни, органски хемиски производи, етерични масла и разни производи од хемиската индустрија, плута и производи од плута, хартија, влакна од лен и коноп и јута и слично.

    Коморите и организацијата на потрошувачи веќе го разгледуваат списокот и до дадениот рок ќе ги дадат своите забелешки.

    – Сè уште го разгледуваме списокот што го објави Министерството за економија на 15 март. Конечно мислење ќе дадеме следната недела – вели Татјана Тасевска од Организацијата на потрошувачи.

    Исти одговори даваат и од коморите во кои се формирани тимови кои го разгледуваат детално предложениот список.

    Законот за забрана не нефер трговски практики беше едногласно донесен од страна на пратениците на почетокот на месецов.

    Првите ефекти од ова законско решение ќе се почувствуваат дури наесен, бидејќи ќе следи период до 6 месеци на усогласување на договорите меѓu производителите и трговците, но и усогласување на актите на Комисијата за заштита на конкуренција со законите.

    Според очекувањата на владините претставници со примената на законот ќе се намалат голем број од цените на прехранбените производи. Подготвувачот на законот, Министерството за економија, тврди дека доколку цените почнат без причина да се зголемуваат ќе следат казни и нови владини мерки со кои ќе се заузда тој процес.

    Земјоделците, пак, се  убедени дека ефектите од намалувањето на цените со ова законско решениe ќе ги почувствуваат токму тие, бидејќи нивните цени ќе претрпат намалување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img