Американската агенција за труд го обвини американскиот производител на ракети и сателити SpaceX дека побарал од вработените кои биле отпуштени од компанијата да потпишат незаконски договори со кои им се забранува да ја омаловажуваат компанијата и да се приклучат кон колективните тужби против неа.
Во жалбата што ја поднеле вработени од компанијата се наведува и дека имало незаконски договори потпишани од вработените во SpaceX за покренување правни спорови во арбитража, а не на суд, како и кога станува збор за откажување од учество во колективни дејствија против компанијата.
Компанијата на Маск, пак, поднесе тужба тврдејќи дека споменатата агенција за труд го прекршува Уставот на САД.
SpaceX , со седиште во Калифорнија, сега е обвинет дека барал од вработените да потпишат договори за отпремнина со клаузули за доверливост и неомаловажување кои ги ограничуваат во остварувањето на нивните права според законот за работни односи на САД.
Агенцијата вели дека тие одредби се вообичаени во договорите за отпремнина што ги потпишуваат работниците, но дека во таквите договори мора јасно да стои дека работниците не можат да се откажат од своите права да се залагаат за подобри услови за работа или да поднесуваат жалби до агенцијата.