More

    Меган Фокс шокираше со изјавата, па ја најави следната естетска операција

    spot_img

    Славната актерка и според тврдењата една од најубавите жени во Холивуд, Меган Фокс, по обвинувањата дека по естетските корекции повеќе не личи на себе, сега се осврна на оваа тема и ги шокираше сите со своите изјави.

    Од почетокот на нејзината кариера, Меган важеше за една од најубавите жени во филмската индустрија и пример за убавина на кој многумина се загледаа. Со текот на годините го дотеруваше својот изглед со естетски корекции, поради што наиде на неодобрување кај дел од публиката, а се почести се негативните коментари за нејзиниот изглед.

     

    Имено, актерката неодамна беше критикувана од публиката, по доделувањето на престижните награди People’s Choice во Санта Моника, каде Меган се појави во улога на водителка. Таа поради лицето ги потсети фановите на пластична кукла, па веднаш по ова појавување следеа голем број негативни коментари.

    Сега актерката во еден поткаст проговори за естетските зафати, конечно откривајќи ја вистината и своето мислење на оваа тема.

    „Никогаш не сум направила лифтинг на лице, ниту операција мачкино око, иако би сакала! Јас дури и не направив едноставно подигнување на веѓите, никогаш не сум направила затегање на лицето. Тоа не е поради некоја моја морална позиција, туку затоа што не верувам дека дава резултати, а и затоа што се плашам дека ќе биде проблем кога навистина ќе ми треба вистински фејслифтинг. Немав ни липосукција, ниту контура на телото или нешто слично“, ги наброја холивудската ѕвезда и ги демантираше повеќето естетски операции за кои се тврдеше на социјалните мрежи дека ги има правено.

     

    Таа го коментираше и силиконот во градите, нагласувајќи дека во последната процедура вложила вртоглави 30.000 долари.

    „Градите ми се лажни уште од 21 или 22 години. Ги направив на конзервативен начин, бидејќи тогаш сите ја правеа таа процедура, а тогаш требаше да направите зголемување што не можеше да се види. Секогаш бев онаа девојка која се гледаше во огледало и се прашуваше: „Каде се моите гради?“ Секогаш сакав големи гради и не се задоволував со првите силикони. Направив нови кога завршив со доењето на моите деца, бидејќи не знам каде отидоа старите, но отидоа. Потоа неодамна морав повторно да одам на операција на градите, бидејќи немам доволно телесни масти за да ги покријам имплантите, па можевте да ги видите како брануваат“, рекла актерката.

    Меган исто така прокоментира дека нејзиното тело не реагира добро на анестезија и дека ако кога веќе оди на операција тогаш сака да има навистина големи гради.


    „Кога веќе морав да одам на операција, реков: „Види, ако ме заспиваш и ако бидам болна два месеци од општа анестезија, подобро да се разбудам со најголемите гради што можат да се вклопат во моето тело. И докторот рече дека тоа го направил. И не се ни толку големи, само изгледаат така, затоа што моето тело е многу мало. Но, ако можеа да бидат поголеми, ќе ги направев. Не сакам операција и поради тоа што морав да се подлежам на неа, чувствував дека треба да бидам наградена за страдањата низ кои поминувам.Сакав гигантски гради, не ми е гајле што е во мода, дајте ми го стриптизерскиот изглед од 1990 година“, сталожено рече Фокс.

    На крајот проговори и за можното зголемување на задникот, нагласувајќи дека ако го направи тоа, не сака никој да мисли дека отишла во теретана, туку да се види дека тоа е операција.

    „Сакам таков задник што ќе ги тера луѓето да се вртат и да шепотат, да се смеат и да кажуваат работи како: „Што? Што гледаме?“ Како да сум изрод од циркус. Кога би поминала низ тој процес, сакам такво нешто. „Не сакам да слушам изјави од типот: „Ох, дали навистина мислиш дека таа само оди во теретана?“ Мојот задник мора да ги запира луѓето по улица“, рече Меган.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img