More

    Шолц: „Русија не е толку силна како што се мисли“

    spot_img

    Додека францускиот претседател Емануел Макрон преку слики од тренинг по боксување ги одмеруваше силите со рускиот лидер Владимир Путин, германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Русија не е толку силна колку што мислат луѓето.

    – Русија не е силна – рече Шолц, нагласувајќи дека Германија и Европа ќе ѝ помагаат на Украина сѐ додека можат, пишува Дојче Веле.

    Канцеларот додаде:

    – Ако претседателот на Русија верува дека само треба да ја отседи оваа војна и дека нашата поддршка ќе ослабне, тогаш греши. Ние нема да прифатиме диктиран мир на штета на Украина.

    Според Шолц границите на Украина не треба да се менуваат со сила. Toj ги отфрли повиците во неговата партија да ја „замрзне“ војната во Украина.

    Канцеларот укажа на фактот дека Германија е втор најголем снабдувач на Украина со воена помош, велејќи дека тоа мора да се признае.

    Шолц тврди дека испораката на германски ракети Таурус може да предизвика понатамошна ескалација со Русија и да предизвика Германија директно да биде вовлечена во конфликтот. Тој рече дека Украина ќе може да ги употреби ракетите за да нападне длабоко во руска територија и дека на украинските сили ќе им требаат упатства од германски персонал за да ги употребат.

    Шолц ја коментираше и војната во Газа. Тој, повика на „навремен „долготраен прекин на огнот“ и на ослободување на заложниците што ги држат Хамас и другите исламистички милитанти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img