Американската централна банка (ФЕД) ги задржаа каматните стапки стабилни и не ја промени својата прогноза дека ќе треба да ги намали стапките 3 пати во 2024 година, додека се предвидува во 2025 година тоа да се прави поретко.
Референтната каматна стапка на централната банка остана во опсег од 5,25 отсто до 5,50 отсто, што е највисока од 2001 година.
Федералните резерви предвидуваат дека базичната инфлација, која ги исклучува храната и енергијата, ќе продолжи да биде 2,6%до крајот на 2024 година. Претходно беше предвидено таа да изнесува 2,4%.
Во јануари годинава базичната инфлација беше 2,8%.
Генерално, ФЕД укажува дека се очекува економијата на САД да продолжи да се движи во необична комбинација: здрав пазар на труд и економија во тандем со инфлацијата која продолжува да расте.