Свет Захарова демантира дека Русија планира инвазија во Украина By Lorita February 12, 2022 споделување FacebookTwitterWhatsAppViberTelegramLinkedinCopy URL Хистеријата во Белата куќа зборува погласно од кога било. На англосаксонците им е потребна војна. По секоја цена изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа ги осуди проценките на Вашингтон дека руска инвазија на Украина може да започне во било кој момент.. – Провокации, дезинформации и закани се префериран метод за САД и нивните сојузници во решавањето на сопствените проблеми. Американската воено-политичка машина е повторно подготвена да мине низ животите на луѓето. Целиот свет гледа како се разоткриваат милитаризмот и империјалните амбиции – рече Захарова. Во последните неколку месеци западните земји ја обвинија Русија за наводен план за напад на Украина. И покрај повеќекратните негирања на овие тврдења од страна на Москва, САД и нивните сојузници во НАТО продолжуваат да го зајакнуваат своето воено присуство во Источна Европа. Официјално лице од Пентагон, сепак, тврди дека војниците кои наскоро ќе заминат во Полска се испратени таму само за да ги бранат сојузниците на НАТО. ФОТО МИА TagsЗахарова демантира дека Русија планира инвазија во Украина споделување FacebookTwitterWhatsAppViberTelegramLinkedinCopy URL претходниот член,Зеленски: Додека се поголем број земји апелираат до своите граѓани да заминат од Украина поради тоа што Русија може да ја нападне земјатаСледната статијаКаракачанов тврди дека 80 отсто од Бугарите имаат ист став со неговата партија Неочекуваниот погодок на Јуста им ја врати надежта Спорт November 22, 2024 Пресврт во разрешницата на трагедијата во Нови Сад Свет November 22, 2024 Мицкоски најави драматично олеснување на јавниот превоз Топ Вести November 22, 2024 ПОЗНАТИОТ ХРВАТСКИ АКТЕР СО ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА НА ДИКАПРИО Забава November 22, 2024