More

    Пратениците на српското собрание по тридневна дебата со мнозинство гласови од 153 пратеници и 5 против ја избраа досегашната премиерка Ана Брнабиќ за нов претседател на Народното собрание на Р. Србија

    spot_img

    Пратениците на српското собрание по тридневна дебата со мнозинство гласови од 153 пратеници и 5 против ја избраа досегашната премиерка Ана Брнабиќ за нов претседател на Народното собрание на Р. Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

    Овластениот претставник на пратеничката група на коалицијата на СНС „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“, Владимир Орлиќ, во текот на дискусијата рече дека таа изборна листа со партнерите и соработниците ја предложила Ана Брнабиќ за претседател на српскиот парламент, бидејќи се горди на работата што ја направила за време на нејзините три премиерски мандати.

    За изборот на Ана Брнабиќ во српското Собрание кое брои 250 пратеници, гласаа пратениците кои влегоа во Собранието од листата на СНС „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ и СПС „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, Сојузот на војводинските Унгарци и партиите на националните малцинства.

    На гласањето не присуствуваа пратениците на коалицијата „Србија не смее да застане“ и „НАДА“ (ДСС и ПОКС), додека пратениците „Ние гласот на народот д-р Бранимир Несторовиќ“ и „Ние гласот на народ“ беа против или не присуствуваа на седницата.

    Како претседател на собранието Брнабиќ ја презеде функцијата и седницата на која беа изгласани шест потпретседатели на собранието и генерален секретар на собранието.

    Тридневната седница за избор на Брнабиќ помина во тензични расправии и кавги помеѓу пратениците од власта и опозицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img