More

    Во Европа последниве години се забележува тренд на намалување на бројот работни часови во неделата, а некои држави се залагаат и за воведување четиридневна работна недела

    spot_img

    Во Европа последниве години се забележува тренд на намалување на бројот работни часови во неделата, а некои држави се залагаат и за воведување четиридневна работна недела.

    Каде најмалку се работи? Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги провери светските податоци од последните неколку години и ја состави таа листа на држави. Така, земја со најкуса работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, а потоа следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа).

    Меѓу топ-10 списокот се Швајцарија (34,6 часа), Австрија (35,5 ч.), Белгија (35,5 ч.), Италија (35,5 ч.), Ирска (35,6 ч.), Шведска (36 ч.) и Финска, со просечни 36,3 часа во една седмица.

    Според Евростат, Балканците работат повеќе од  40 часа неделно. Македонците просечно неделно работат по 39 часа, вработените во Црна Гора работат 42,8 часа, а во Србија со 42,3 часа. Во Турција работната недела во просек трае 42,9 часа.

    Во Германија во февруари 2024 година почна експериментален проект за испробување работни седмици од четири наместо 5 дена, со едноставна замисла – вработените да се обидат да ги завршат работните обврски за 4 дена, за да имаат еден слободен ден повеќе и иста плата. Во германскиот проект учествуваат 45 компании што, согласно пократката работна недела, ќе им обезбедат на вработените повеќе индивидуална работа и помал број состаноци, пренесува „Панкуфер“ (Punkufer).

    Во 2022 година, Белгија стана првата земја што ја легализираше четиридневната работна седмица. Тоа не значи дека вработените ќе работат помалку, туку имаат можност сами да си направат распоред, како што појасни и белгискиот премиер Александар де Кро.

    Исланд, Португалија, Шпанија, Велика Британија и Канада се исто така дел од земјите каде се тестира пократката работна недела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img