Пратениците трет ден по ред ќе расправаат за избор на претседател на Собранието на конститутивната седница на 14-то собрание. Претходно во собраниска процедура беше даден предлог за претседател на Собранието да се избере поранешната премиерка и потпретседател на Српската напредна партија, Ана Брнабиќ.
Конститутивната седница почна на 6 февруари, а нејзиниот почеток и заклетвата се случија со протести и свирежи на пратеници од опозицијата кои тврдат дека изборите одржани на 17 декември 2023 година се украдени и дека составот на Собранието на Србија , а особено на градот Белград, не ја одразува вистинската волја на граѓаните.
По потврдувањето на мандатот, продолжението на седницата беше закажано за 11 март, но вечерта пред почетокот претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека седницата ќе се одложи додека пратеничките групи не ги договорат кадровските решенија.