Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике пред две години ги изненадија сите откако решија да се разделат по 12 години врска во кои ги добија синовите Милан и Саша.
Набрзо се дозна дека главната причина за оваа одлука е неверството на Пике, а неговата врска со студентката Клара Чиа Марти набрзо стана јавна.
На интернет почнаа да кружат бројни теории за тоа како пејачката дознала дека нејзиниот партнер е неверен, а најпопуларна беше теоријата со теглата џем.
Имено, Шакира наводно еден ден се вратила од патување и видела дека на теглата и недостасува џем, кој не сакале да го јадат ниту Пике ниту нивните синови, што ја натерало да помисли дека во куќата имало уште некој – кој и го изел тој џем.
Пејачката сега во едно интервју изјави дека оваа теорија не е точна.
– Тоа не е вистина – рекла кратко Шакира за „Сандеј тајмс“.
Шакира за споменатиот медиум зборувала и за животот со Пике и нагласила дека своите обврски и кариерата ги ставила на втор план за да биде со него и да се грижи за децата.