More

    Министерот Тошковски вели дека системот се распаѓа

    spot_img

    Не работат термалните камери, коишто треба да бидат главниот безбедносен систем на граничните премини на Македонија, – тврди техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

    – Полициските станици на граничните премини немаат доволно човечки ресурси, а освен тоа таму термалните камери не работат, што е сериозна работа којашто треба да не загрижи сите. Термалните камери ги имале на неколку пункта, а опсегот е значително голем и може да констатираат движење на, како што ми беше кажано од еден од началниците таму, глушец да помине ќе го детектира или пак можеме по физикус и локалните жители да ги препознаеме. Јас се прашувам дали намерно го правеле ова цело време за да му помогнат на шверцот, не за да одмогнат – истакнува министерот Тошковски.

    Според информациите коишто ги сподели Тошковски, најмалку 6 години не функционираат овие термални камери, информација којашто ја добил од командирите на северната граница на Македонија.

    – Системот е уништен. Систем нема и ова се страшни факти кои што беа посочени до мене. Говорам за тоа што го констатирав со свои очи на северната граница. Доколку не е така нека излезат и нека ме побијат со факти. Нека кажат дека има доволно човечки капацитети, нека кажат дека има доволно возила. И да не биде само ова, имаме друга полициска станица Јагуновце, немаат ниту еден компјутер за работење. Имаат само еден компјутер за безбедносните камери и истиот го користат и за изготвување документи. Од пет полициски станици кои што ги посетив на граничните премини, само една била посетена од министер за внатрешни работи и тоа во 2016 година – рече Тошковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img