More

    Сексот во Олимпиското село повеќе не е забранет: организаторите подготвиле 300.000 кондоми

    spot_img

    Забраната за сексуални односи во Олимпиското село, за која никогаш нема да се знае дали и колку била почитувана, веќе не важи.

    Организаторите на Олимписките игри во Париз годинава обезбедија 300.000 кондоми за 10.500 спортисти од целиот свет и 4.000 волонтери во Олимпиското село.

    Кондоми се обезбедуваат за учесниците на Игрите од Сеул 1988 година, кога главниот фокус беше на подигање на свеста за ширењето на ХИВ.

    „Тоа е многу важно бидејќи пријателството меѓу олимпијците е многу присутно и важно“, изјави директорот на Олимпиското село Лоран Мишо.

    Официјално, сексот на Игрите во Токио беше забранет поради пандемијата на коронавирус, па во самото село важеа строги правила за движење, а мешањето на спортисти и тимови беше сведено на минимум.

    За среќа на спортистите и волонтерите, тие времиња поминаа и може да се каже дека сега слоганот „Да започнат игрите“ добива дополнително значење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img