Укината забраната за секс на Олимписките игри

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Добра вест за повеќето спортисти кои летово ќе учествуваат на Олимписките игри: забраната за секс која важеше во Токио е укината пред Олимпијадата во Париз!

Во 2021 година, Меѓународниот олимписки комитет ги спроведуваше наредбите за социјално дистанцирање поради пандемијата на корона вирусот и воведе забрана за интимни односи за време на Олимписките игри во Токио. Но, забраната не важи во „градот на љубовта“. Скај њуз објави дека ова забрана се укинува пред Олипијадата во Париз.

Околу 9.000 спортисти би требало да бидат во Париз од 26 јули до 11 август, а според извештаите за олимписките подготовки, олимпијците во Париз ќе имаат на располагање 300.000 кондоми за безбеден секс.

Исто така, наведувате дека креветите во олимпиското село ќе бидат изработени од картон, но дека се конструирани да издржат тежина до 250 килограми.

Share This Article