Повисоките проценки на побарувачката на нафта како резултат на подобрената економска перспектива во САД и предвидувањата на Меѓународната агенција за енергија дека глобално побарувачката на нафта ќе се зголеми за 1,7 милиони барели дневно предизвика раст на цената на нафтата од 4% минатата недела.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна на 85,34 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 3,9%, на 81,04 долари.
Зголемувањето на цената на лондонскиот пазар над 85 долари, првпат од ноември минатата година, следеше по процените на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) дека глобалната побарувачка на нафта ќе се зголеми за 1,7 милиони барели дневно во првиот квартал.
ИЕА ја зголеми својата проценка за растот на побарувачката за целата година, за 110.000 барели дневно, на 1,3 милиони барели дневно. Но, тоа значи дека растот ќе биде значително побавен од 2023 година поради забавувањето на светската економија.
Очекувањата се дека цената на нафта ќе порасне и поради подобрената економска перспектива во САД и зголемената побарувачка за гориво поттикната од бродови кои одат на подолг пат околу Кејп Добра Надеж.