Орбан сака да ја штити унгарскaта слобода и да ја врати Европа на Европејците

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека е подготвен да маршира до Брисел и да го „окупира“ центарот на Европската унија за да ја „одбрани унгарската слобода и суверенитет“, а сето тоа во пресрет на европските избори во јуни, пишува Ројтерс.

Орбан, кој е на власт 14 години, се надева дека неговата партија Фидес ќе профитира од подемот на крајната десница низ Европа. Неговата земја се подготвува да го преземе ротирачкото претседателство со Европската унија во втората половина на годината.

Говорејќи на митингот по повод националниот празник на Унгарија во чест на Унгарската револуција од 1848 година против Хабсбуршката монархија, Орбан рече дека европските избори се шанса да се застане во одбрана на Унгарија.

– Ако сакаме да ја браниме унгарската слобода и суверенитет, немаме друг избор освен да го окупираме Брисел – рече Орбан пред околу 1.000 поддржувачи.

– Ние ќе маршираме до Брисел и самите ќе донесеме промени во Европската унија -додаде тој.

Орбан долго време беше во несогласување со другите членки на ЕУ за голем број прашања, вклучително и неговото противење на испраќање оружје во Киев и одржување на економските односи со Москва, чии сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година.

Унгарскиот премиер ја обвинува ЕУ дека со своите потези им нанесува штета на земјоделците, на средната класа и дека ги уништува компаниите, „а згора на тоа ја води Европа во војна“.

– Нема да прифатиме дека Брисел ги напушти Европејците, згора на тоа, се сврте против нив – рече Орбан.

Неговата партија е во преговори со евроскептичната групација во Европскиот парламент, Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР), по напуштањето на Европската народна партија (ЕПП).

- Advertisement -
Ad image
Share This Article