More

    Русите повикани на изборен протест, узбуна во Кремљ

    spot_img

    Блискиот соработник на неодамна починатиот опозициски лидер Алексеј Навални, Леонид Волков ги повика Русите да излезат на протести против претседателот Владимир Путин за време на одржувањето на претседателските избори. На овие протести Навални повика пред неговата смрт.

    Кремљ предупредува дека ќе има правни последици за секој што ќе го слуша овој „провокативен повик“ на луѓето што ги нарекуваат опасни екстремисти поддржани од САД.

    Во објавата на социјалните мрежи од 1 февруари, Навални ги повика Русите да го искажат своето мислење со заедничко излегување на гласање во исто време, напладне на 17 март.

    Навални почина во арктичката казнена колонија на 16 февруари.

    Неговиот сојузник Волков во видеото на Јутјуб го нарече повикот за протест „директната политичка волја на Навални“ и последен повик за акција што тој го упати.

    – Ова повеќе не е само политичка акција насочена кон надминување на политичката осаменост и изолација. Ова стана собир на жалост и граѓанска комеморација, акција во спомен на Навални, кој побара од нас да го одржиме – рече Волков.

    Тој истакна дека тоа е многу важно бидејќи „на тој начин луѓето ќе ја исполнат последната волја на Алексеј Навални“ и ќе ги охрабрат истомислениците да дејствуваат.

    Повик до Русите да излезат на протест за време на претседателските избори на кои Владимир Путин очекува нов шестгодишен мандат, упати и вдовицата на починатиот опозициски лидер, Јулија Навална.

     

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за новинарите изјави дека поддржувачите на Навални се „добро познати по нивните провокативни повици за кршење на законите на Руската Федерација“ и дека „ќе има последици за оние што ќе одговорат на нив“, бидејќи таквата практика е „штетна“.

    Навални повика на протест „Напладне против Путин“ како начин да се покаже отпор без ризик од апсење за учесниците бидејќи тие ќе протестираат со застанување во ред за легално гласање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img