Mузичарот Елтон Џон на социјалните мрежи информира дека е заразен со коронавирус и дека поради тоа ќе откаже 2 концерта во САД во рамките на својата проштална светска турнеја.
„Заразен сум со коронавирусот и поради тоа морам да одложам 2 концерта во Далас во следните денови“, објави музичарот кој има 74 години.
Тој се надева дека можеби ќе го одржи концертот закажан за сабота во државата Арканзас, бидејќи, како што вели има благи симптоми и има примено 3 дози вакцина против коронавирус.
Музичарот ја започна својата проштална турнеја „Farewell Yellow Brick Road“ во 2018 година, со планирани повеќе од 300 концерти во текот на три години низ целиот свет, до избувнувањето на епидемијата на коронавирус.
Џон е автор на хитовите како „I’m Still Standing“, „Your Song“ и „Crocodile Rock“. За време на кариерата продаде повеќе од 300 милиони плочи, одржа повеќе од 3 500 концерти, а во 2019 година беше снимен и филм посветен на неговиот живот.