More

    Тројца мажи нападнале две жени во Виничко

    spot_img

    Тројца мажи од Виничко кои претепале две жени добија притвор, соопшти Основното јавно обвинителство.

    Според Обвинителството, тројцата мажи од виничкото село Трсино се сомничат дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди.

    Додека жените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки. Жените се скриле во помошен објект, но осомничените ги извлекле и започнале да ги удираат, нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство на страв и кај уште една жена која била сведок на настанот. На овој начин осомничените сториле кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничените продолжиле да се закануваат дека ќе извршат убиство додека полицијата ги лишувала од слобода.

    Според првичните сознанија, насилството се случило поради долготрајни нарушени односи меѓу две семејства во селото.

    Јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор до Основниот суд во Виница поради опасноста осомничените да го повторат делото, да извршат друго дело со кое се закануваат, а и да побегнат.

    Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за сите осомничени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img