More

    СЗО сè уште смета дека птичјиот грип е значајна закана за предизвикување пандемија

    spot_img

    Пренесувањето на инфекцијата од живина на луѓе, главно во одредени азиски земји, предизвикува загриженост за потенцијалот вирусот да се прилагоди и да стане позаразен.

    Птичјиот грип H5N1 неодамна го привлече вниманието на експертите, владите и теоретичарите на заговор, а научниците предупредуваат дека можеби веќе е во тек нова пандемија.

    Вирусот Х5Н1 се појави кај домашните гуски во Кина во 1997 година, а оттогаш болеста се прошири на целиот континент и зафати и други видови освен птиците, пишува „Метро“.

    Птичји грип
    Д-р Дијана Бел, професорка по биологија на конзервација на Универзитетот во Источна Англија, истакнува дека птичјиот грип брзо се шири од 2020 година.

    Неодамнешното истражување на кое таа укажува открива дека од 2020 година, 26 земји пријавиле бројни видови цицачи кои станале жртви на овој вирус. Дури и поларните мечки и делфините се погодени, со алармантен број на смртни случаи кај различни популации на животни.

    Белова укажа на итната потреба од истражување и надзор за да се разбере приспособливоста на вирусот и неговиот потенцијал да зарази повеќе видови.

    Пријавени се и случаи на луѓе, со 882 случаи на птичји грип во 23 земји во претходната година, што резултираше со алармантна стапка на смртност од 52 проценти.

    Пренесувањето на инфекцијата од живина на луѓе, главно во одредени азиски земји, предизвикува загриженост за потенцијалот вирусот да се прилагоди и да стане позаразен.

    Иако потеклото на Ковид 19 е сè уште неизвесно, може да се повлечат паралели со птичјиот грип, бидејќи се верува дека и двата вируса преминале од животните на луѓето.

    Иако преносот на птичји грип од човек на човек не е широко распространет, Светската здравствена организација (СЗО) сè уште смета дека е значајна закана за предизвикување пандемија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img