Украински дрон денеска го нападна седиштето на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во регионот на Белгород.
Руските државни медиуми ја потврдија веста дека зградата на ФСБ била нападната со дрон. Се известува дека во овој инцидент бил оштетен објектот, но дека нема жртви.
Украински беспилотни летала нападнаа цели во неколку руски федерални региони втора ноќ по ред.
Локалните власти објавија дека енергетските капацитети повторно биле мета, а во два дена опожарени се две големи рафинерии за нафта. Во првиот налет на украинските напади со дронови на руска територија, беше опожарена рафинерија на Лукоил, една од петте најголеми во земјата, а денеска со дрон е нападната о рафинеријата во Рјазан управувана од нафтениот гигант Росњефт
– Нафтената рафинерија во Рјазан е нападната со дрон. Како резултат на тоа, избувна пожар – изјави Павел Малков, гувернер на регионот Рјазан, во објавата на Телеграм.