More

    Академик Љупчо Коцарев ги опишува особините на немакедонскиот Македонец

    spot_img

    „Немојте да имате никаков страв, тоа се луѓе што немаат никакви квалитети, имаат само желба да дојдат на власт и да останат во фотелји, коментира политичар, што предаде и продаде сѐ македонско, за да остане на власт. Ова е бедно, манипулативно и недостојно. Немакедонскиот Македонец има особени карактеристики: нему му е потребна целосна негација на сѐ што е македонско“, вели Љупчо Коцарев, член на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), во својата колумна со наслов „Немакедонски Македонец“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

    Во колумната, покрај другото, академик Коцарев пишува:

    „Признавајќи ги договорите со Грција и со Бугарија, немакедонскиот Македонец не го признава постоењето на Македонците во соседството. Прифаќајќи ја Преговарачката рамка (официјален документ на ЕУ), во која се оспорува правото на македонскиот народ на националната самобитност и посебност, немакедонскиот Македонец признава дека не е Македонец. Договорите со Грција и со Бугарија и Преговарачката рамка не го признаваат постоењето на македонската нација, македонскиот народ и на македонскиот јазик. Општите принципи на правото признати од цивилизираните нации (Статут на Меѓународниот суд на правдата, член 38), или закон обврзувачки за сите  – ius cogens erga omnes, се однесуваат и на Македонија, но договорите со Грција и со Бугарија и Преговарачката рамка се неправедни документи. Националистичките политики на соседите и настојувањето на некои моќни земји за остварување надмоќ над помалите народи, нам ни се познати. Но, сепак, голем дел од вината за денешнава состојба во Македонија е во нас. Отровот на омразата се шири најмногу меѓу Македонците. Во предвечерјето на претстојниот циклус на избори да се потсетиме на Петре М. Андреевски, кој има напишано: „Беа браќа и први братучеди, / убави сестри, тетки и стрини, / и некои вујчеи и светијонии… / И, борејќи се сите за иста татковина, / се поделија, се замразија, се закрвија, / под туѓи капи главите си ги ставија. / А кога ги побараа капите на главите, / веќе немаа ни капи, ни глави“.

    Во предвечерјето на претстојниот циклус на избори не е време за молк: „Следните генерации нема да судат според злото и насилството на лошите луѓе, напротив, ќе судат според молкот на добрите.“ – има кажано Мартин Лутер Кинг, потсетува Коцарев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img