More

    “ Владиците на МПЦ-ОА бараат објаснување од Пендаровски

    spot_img

    „Ова е класична американска игра“.

    Вака портпаролот на Синодот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), г. Тимотеј, во изјава за Плусинфо ги коментира вчерашните тврдења на професорот Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност на Филозофскиот факултет, кој на дебатата „Улогата и влијанието на религијата во современото општество“, рече дека македонски владици „се вмешани во шпионажа за незападни разузнавачки служби, а тоа претставува безбедносен ризик и закана и за македонската црква внатре, но и за државата, бидејќи поттикнува раздор, ја нарушува социеталната, идентитетската безбедност и е дополнителен товар и за признавањето на МПЦ-ОА“.

    Ова е класична американска игра. Гледате, кога тие еднаш ќе кажат нешто, нашите не чекаат да им се каже двапати.

    г. ТимотејПортпарол на Синодот на МПЦ-ОА

    Ваквото тврдење Ѓуровски го поткрепи со цитат на претседателот на државата Стево Пендаровски, кој изнел информации дека „членови на Синодот се соработници на руската разузнавачка служба врз основа на сознанија кои се строго доверливи“.

    Митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, нема информација дали некој македонски владика е повикан на разговор во однос на обвинувањата за шпионажа.

    – За себе можам да тврдам дека не се занимавам со такви работи, а искрено, не мислам дека ниту другите владици и членови на Синодот се занимаваат со шпионажа. Има една српска поговорка која гласи: „у страху су велике очи“. Ова е класична американска игра. Гледате, кога тие еднаш ќе кажат нешто, нашите не чекаат да им се каже двапати. Немам информација дали некој македонски владика и член на Синодот е повикан на разговор поради обвинувања за шпионажа. На крајот на краиштата, секој владика си има име и презиме, па нека излезе претседателот на државата и нека каже дека конкретно тој и тој човек соработува со странски служби на штета на Македонија. Оти, вака, и ние би можеле да излеземе и да кажеме, на пример, дека шефот на државата е предавник на својот народ. Но, како ќе го докажеме тоа што го кажуваме? Затоа, и претседателот е должен да ги докаже тврдењата, а не само да ги каже – ни изјави г. Тимотеј.

    Професорот Ѓуровски вчера посочи и дека има информации оти македонски владици одржуваат тајни средби во Белград со луѓе кои држеле литургии во македонските цркви, а кои се прогласени за непожелни личности од речиси сите земји-членки на НАТО.

    – Верувам дека архиепископот на МПЦ-ОА е запознат и сѐ зависи од нив. Добронамерно и сериозно треба да се сфатат укажувањата од државата и да не се потценуваат затоа што оние кои ни шетаа во Архиепископијата и држеа литургии во македонските цркви денеска имаат забрана и се прогласени за непожелни личности од речиси сите земји членки на НАТО. Со нив се остваруваат контакти на тајни средби во Белград. Тоа е голем безбедносен ризик, можеби не сега веднаш, но долгорочно ќе ги имаме последиците – изјави Ѓуровски.

    Плусинфо денеска испрати прашања до Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, но сѐ до објавувањето на текстот, одговори не добивме.

    „Како претседателот Стево Пендаровски ги коментира тврдењата на професорот Марјан Ѓуровски? Каде и во која прилика шефот на државата го искажал тврдењето дека членови на Синодот на МПЦ-ОА соработуваат со странски безбедносни служби? Дали претседателот Стево Пендаровски, доколку навистина тврди дека членови на Синодот на МПЦ-ОА се вмешани во шпионажа, го информирал Основното јавно обвинителство и поттикнал започнување постапка?“, се прашањата за коишто очекуваме одговори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img