More

    Брендот „Коперни“ со помош на Американската вселенска агенција (НАСА) ја дизајнираше својата најнова иновација – женска чанта направена од 99 отсто воздух и 1 отсто стакло

    spot_img

    Брендот Коперни со помош на Американската вселенска агенција (НАСА) ја дизајнираше својата најнова иновација – женска чанта направена од 99 отсто воздух и 1 отсто стакло.

    Чантата „Ер свајп“, која има неверојатен состав, ја дизајнирал професорот Јоанис Михалудис со помош на револуционерниот аергел на НАСА направен од наноматеријали од силициум диоксид.

    Овој материјал е опишан како многу деликатен и цврст, а новата чанта е најголемиот предмет направен од овој материјал досега.

    Пред да влезе во светот на модата, НАСА го користеше овој материјал за собирање ѕвездена прашина, бидејќи може да издржи екстремна топлина и притисок 4.000 пати поголем од неговата тежина.

    Еден од следбениците на Инстаграм праша дали оваа чанта е само украс или има и практична намена, а тимот на Коперна одговори:

    „Може да држи iPhone ;)“

    Коперни“ е бренд кој се етаблира како лидер во футуристичката мода и е познат по авангардните производи кои ги поместуваат границите. На пример, тие претставија фустан создаден со помош на спреј, кој го носеше супермоделот Бела Хадид.

    Минатата сезона, Coperni претстави револуционерна верзија на својата популарна чанта „Свајп“, која функционира како ЦД-плеер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img