Денеска времето ќе биде променливо облачно, претежно во планинските региони во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со услови за краткотраен дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Следните денови времето наутро ќе биде свежо, а попладне ќе се задржи променливото и облачно време со повремен дожд. Во петок и за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат и ќе има повеќе сончеви периоди.