Српската манекенка и актерка Нина Сеничар ги привлече погледите на забавата за Оскарите на „Ванити фер“.
Нина пристигна во придружба на сопругот Џеј Елис, актер кој имаше забележителна улога во „Топ Ган: Маверик“. Двојката гордо позираше на црвениот тепих по доделувањето на престижните награди.
Актерката за оваа прилика облече црн, тесен кадиферн фустан со голи раменици, кој го истакна нејзиниот труднички стомак.
Веста за новиот член во семејството ја откри неодамна преку Инстаграм.
„Доаѓа бебето број 2“, напиша таа. Нина и Џеј претходно станаа родители на ќерката Нора Грејс Елис, која ја доби во 2019 година.
Инаку, Нина и Елис се запознале во 2015 година во еден бар во Лос Анџелес, а четири години подоцна се свршиле. Двојката се венчаше во летото 2022 година во Тоскана. Нина пред бракот со холивудскиот актер беше во врска со познатиот италијански музичар Ерос Рамацоти.
ФОТО: Инстаграм