More

    Цената на бананите може вртоглаво да расте

    spot_img

    Бананите ќе бидат се поскапи во следниот период како резултат на климатските промени, зголемувањето на температурите и ширењето на болестите. Производителите се соочуваат и со други притисоци поради зголемените трошоци за ѓубрење, енергија и транспорт, како и недостигот од работници.

    Ова деновиве го тврдат експерти кои присуствуваат на Светскиот форум на производители на банана во Рим.

    Според нив, производството на ова овошје е под влијание на лошите временски услови, а порастот на температурите може да ги уништи посевите во некои делови од светот. Тие стравуваат дека најголемата непосредна закана за одгледувањето може да биде фактот што зголемените температури придонесуваат за ширење на болестите кои ќе го загрозат производството и ќе влијаат на цените.

    -Мислам дека климатските промени се навистина огромна закана за индустријата за банана – рече Паскал Лиу, економист.

    Најголема загриженост меѓу експертите и производителите на банана предизвикува новата верзија на Панамската болест, габична инфекција позната како Fusarium Wilt TR4, која се пресели од Австралија и Азија во Африка, а неодамна во Јужна Америка.
    Според нив, габата успеала да мутира и го загрозила производството на омилената сорта на банани во светот – Кевендиш. Оваа сорта доминира на пазарот бидејќи е отпорна на повеќе болести, има долг рок на траење, а на истата површина земјоделците успеваат да одгледуваат многу повеќе плодови.

    -Знаеме дека спорите на Fusarium Wilt се исклучително отпорни и можат да се шират со помош на поплави, како и со силни ветрови. Значи, овој тип на феномен ќе влијае на ширењето на болеста многу побрзо отколку кога имаме нормални временски шеми – вели Лиу.

    Производителите се соочуваат и со други притисоци поради зголемените трошоци за ѓубрење, енергија и транспорт, како и со недостиг од работници.

    Поради сето ова, со галопирачките климатски промени, цените на бананите веројатно ќе пораснат и нема да паѓаат понатаму. Лиу предвидува дека „освен ако не дојде до големо зголемување на понудата, цените на бананите ќе останат релативно високи во годините што следат“.

    За одгледувачите на банани, ова не само што значи позеленување на нивните сопствени средства за производство, туку и финансирање на независни експерти за да потврдат дека нивниот плод е одржлив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img