More

    Невреме со град со големина на орев го погоди регионот на Гевгелија, а најмногу град падна во селото Негорци

    spot_img

    Невреме со град со големина на орев го погоди регионот на Гевгелија, а најмногу град падна во селото Негорци.

    Според информации од жители на Негорци, градот на два пати го погодил регионот.

    – Град со големина на орев паѓаше нешто по 12:30 часот, а по 13:00 часот повторно падна и сè побелe – велат жители на Негорци.

    Според информациите со кои располагаме градот ги погодиl селото Негорци, Гевгелија и други околни населени места.

    Минатата недела регионот на Гевгелија исто така беше зафатен од невреме проследено со град и силен дожд. На 8 март Општина Гевгелија ги извести граѓаните дека оние што претпреле штети од невремето можат да поднесат барање до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општината.

    Во невремето од 7. март од удар на гром загина и малолетник во атарот на селото Негорци, кога ја напасувал стоката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img