More

    Москва тврди дека се украински терористи, Киев дека се Руси што дејствуваат автономно и независно

    spot_img

    Борците на Легијата на слободата на Русија, рускиот волонтерски корпус и сибирскиот баталјон известија дека влегле на граничната територија на Русија. На социјалните мрежи се шират снимки од наводни борби во кои се слушаат истрели и експлозии.

    Илја Пономарев, руски опозиционер и поранешен пратеник во Државната дума, ги потврди извештаите за жестоките борби.

    Руските партизани тврдат дека ја презеле контролата врз пограничниот град Лозова Рудка во Белгородската област, а се водат борби и во селото Теткино во областа Курск.

    „Ете, конечно сме дома. Како што ветивме, носиме слобода и правда во нашата руска земја“ – стои во објавата на Сибирскиот баталјон на каналот Телеграм.

    „Претходно рековме дека нема да биде можно со мирни средства да се собори криминалниот диктаторски режим во Руската Федерација. Тој може да се елиминира само со оружје во рака. Почнавме да го исполнуваме нашето ветување. Продолжуваат жестоките борби на територијата на Руската Федерација“ – додаваат тие.

     

    Гувернерот на Курската област, Роман Старовојт објави дека диверзантско-извидувачка група се обидела да навлезе во областа во близина на селото, но нападот бил одбиен.

    „Имаше обид да се пробие диверзантско-извидувачката група, се слушаше пукање, но пробив немаше“ – соопшти Старовојт.

    Тој додаде дека за време на упадот на партизаните, украинските сили го гранатирале селото, при што едно лице е рането.

    „За жал, има жртви. Повреден е локален жител, му била укажана потребната помош“ – објави тој на Телеграм. Воздушната тревога се уште е на сила во регионот Курск.

    За упадот на руските партизани и борбите на пограничните региони се огласи и руското министерство за одбрана. Од таму тврдат дека вооружените сили на Руската Федерација заедно со Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) спречиле обид на Киев да упадне на граничната територија во Белгород и Курск.

     

    Од руското министерство за одбрана истакнуваат дека спречиле украинските напади врз областа Белгород од три правци.

    „Околу три часот по московско време, по интензивното гранатирање на цивилни цели, украинските терористички формации, поддржани од тенкови и оклопни борбени возила, се обидоа да извршат инвазија на руска територија истовремено од три правци“ – се вели во соопштението.

    „Непријателот беше нападнат со авијација, ракетни сили и артилерија. Како резултат на активните дејства на единиците што ја покриваат државната граница на Западниот воен округ и граничарите, терористичките формации на режимот во Киев, претрпеа значителни загуби, беа одбиени. Убиени се до 60 украински терористи. Уништени се 5 тенкови и оклопен транспортер“ – се додава во соопштението.

     

    Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека повеќе од 100 украински војници биле убиени за време на обидот за упад.

    „Уништени се повеќе од 100 непријателски војници, 6 тенкови, хаубица Цезар, 20 оклопни борбени возила и непријателско упориште“ – соопшти центарот за односи со јавноста на ФСБ.

    Тие додадоа дека продолжуваат нападите врз вооружените групи на украинската граница. ФСБ ги отфрли гласините на социјалните мрежи за наводни упади во некои погранични села во регионите Белгород и Курск.

    „Овие шпекулации немаат никаква врска со реалноста“ – нагласуваат од ФСБ.

    Киев продолжува со своите терористички активности, но руските војници се во состојба на готовност и прават сè што можат, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    – Нашите војници прават сè што е потребно, противвоздушната одбрана работи. Се разбира, терористичките активности продолжуваат, режимот во Киев се обидува да ги нападне нашите цивилни објекти. Нашите војници се на стража, специјалната воена операција продолжува – рече Песков.

    Портпаролот на Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) Андриј Јусов истакна дека спорните единици се составени од руски државјани.

    – Тие дејствуваат на територијата на Руската Федерација целосно автономно, независно, исполнувајќи ги своите општествено-политички програмски задачи. Впрочем, ова не се први такви акции на овие структури и организации во таа област – ​​посочи Јусов.

    Руските медиуми и руското министерство за дигитален развој известуваат дека бројни електронски услуги во регионот на Белгород во моментов се недостапни поради сајбер напади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img