More

    Џафери бара да се гласа со стари лични карти без оглед до кога важеле

    spot_img

    Со измените во Изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на докумените на граѓаните во изборниот процес и затоа треба да се овозможи на граѓаните да гласаат со стари документи без да има било каков рок, смета техничкиот премиер Талат Џафери.

    – Не сум убеден дека ќе се реши проблемот со патните исправи со оглед на одредбите кои ги регулира и санкционира самиот закон. Во него е предвидено сите граѓани кои имаат документи со истечен рок во траење од девет месеци до денот на изборите да можат да гласаат. Оние на кои им се постари нема да можат, значи делумно е решението, не е целосно. Ако имаме документи со истечен рок од девет месеци на 24 април ќе гласаме, но што ќе правиме на 8 мај? Сакајќи да направиме исклучок правиме друг исклучок што исклучуваме дел од граѓаните – истакна денеска Џафери.

    Тој смета дека граѓаните треба да имаат право да гласаат со стари документи без разлика на рокот во кој застариле.

    – Решението да биде отворено граѓаните кои имаат истечени документи да можат да гласаат оваа година без разлика на кој рок истекле. Не мислам дека е решението целосно. Јас сум убеден дека ќе дојдат пак во Влада за дополнителни решенија. Ќе треба да размислат или Собранието или ние во Влада ќе треба да го доисправиме овој проблем – подвлече тој.

    Вчера без расправа беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чија цел, како што претходно образложи пратеникот Мартин Костовски, е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

    Меѓу другото, се допрецизираат одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со цел сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, како и со разјаснување на процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга.

    Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img