More

    Опасно предупредување од рускиот воен врв

    spot_img

    Висок руски воен офицер предупреди дека конфликтот во Украина може да ескалира во војна во Европа и рече дека веројатноста силите на Москва да бидат вклучени во нов конфликт „значително се зголемува“, пренесува новинската агенција Ројтерс.

    Генерал-полковник Владимир Зарудницки, началник на Воената академија на Генералштабот на руската армија, ги даде коментарите во напис за Воена мисла, публикација на Министерството за одбрана, објави руската државна новинска агенција РИА.

    „Не може да се исклучи можноста за ескалација на конфликтот во Украина до војна од големи размери во Европа“ – ја цитира РИА неговата изјава.
    – Главниот извор на воени закани за нашата земја е антируската политика на САД и нивните сојузници, кои водат нов тип на хибридна војна со цел да ја ослабат Русија на секој можен начин, да го ограничат нејзиниот суверенитет и да го уништат нејзиниот територијален интегритет – вели рускиот генерал-полковник.

    Зарудницки вели дека постои голема веројатност Русија да биде вклучена во нови воени конфликти.

    – Веројатноста дека нашата земја намерно ќе биде вовлечена во нови воени конфликти значително расте – истакнува Зарудницки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img