Пристигнаа новите цени на горивата, така што од денеска во 15 часот, литар евро дизел на пумпите во Србија ќе чини 202 динари, а бензин Еуропремиум БМБ 185 динари, дознава Блиц.
Практично, споредено со цените од минатиот петок, дизелот поевтинува за два динари, а цената на бензините остана иста, пренесува Блиц.
Новите цени на горивата ќе важат до следниот петок, 15 март.